Украинските сили погодија руски брод во близина на Змискиот остров

Сподели со своите пријатели

Украинските сили го оштетиле логистичкиот брод на руската морнарица „Всеволод Бобров“ во Црното Море во близина на Змискиот остров, кој се запалил, изјави за Ројтерс портпаролот на војската во Одеса.

Loading...

Тоа е остров кој се наоѓа на 48 километри од украинскиот брег. Змискиот остров стана симбол на украинскиот отпор откако беше објавена снимка од радио повик од самиот почеток на војната, на која украинските војници одговорија со пцости на барањата на Русите од московскиот крстосувач да се предадат.

 

Зеленски: Русите се кукавици, не сакаат да го признаат поразот

 

Украинските војници кои тогаш го бранеа Змискиот остров беа заробени, но подоцна беа ослободени како дел од размена на затвореници.

Воениот брод Москва – главниот брод на руската флота во Црното Море – подоцна беше погоден од украинска ракета и потона додека се влечеше кон пристаништето.

Најновите сателитски снимки на Максара го прикажуваат Змискиот остров од воздух. На фотографиите се гледа уништувањето, кое најверојатно е резултат на ракетен напад врз руски летало, а се гледа и чад.

Loading...

Фотографиите беа објавени на 12 мај и прикажуваат уништени згради, веројатно возила за противвоздушна одбрана Панцир, уништен хеликоптер, кој и припаѓа на Украина.