Се чини дека борбите не се намалуваат во источна Украина во Северодонецк и Лисичанск – кои, како што рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, станаа „мртви градови“, објави во вторникот Би-Би-Си.
Борбата за Северодонецк е „во полн ек“, напиша регионалниот гувернер Серхи Хајдај на апликацијата за пораки Телеграм. Тој додаде дека уште неколку луѓе се ранети во Лисичанск откако руските сили удриле во пазар и училиште.
Утринскиот извештај на украинските вооружени сили потврдува дека борбите се во тек во областа.
Се вели дека „главните напори“ на Русија се фокусирани на Северодонецк – каде што Украинците му нанесуваат загуби на непријателот – и на блискиот Бахмут, каде што е започнат уште еден контранапад.
Во извештајот се додава дека десет напади низ источниот регион Донбас биле одбиени еден ден претходно.
Би-Би-Си не можеше да ги потврди овие извештаи.