Дванаесет години затвор доби украински шпион кој давал информации за Црноморската флота.
Украинскиот агент кој ја шпионирал руската Црноморска флота во периодот од 2020 до 2021 година е осуден на 12 години затвор за велепредавство, соопшти руската ФСБ.
– Пресудата на Градскиот суд во Севастопол стапи во сила против рускиот државјанин Евгени Вадимович Петрушин, кој беше прогласен за виновен за велепредавство. Осуден е на 12 години строг режимски затвор, парична казна од 100.000 рубљи (околу 1.500 евра) и ограничување на слободата за една година (по истекот на казнениот рок) – се наведува во соопштението.
Според инструкциите на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Петрушин наводно собирал и пренесувал информации за активностите на Црноморската флота во периодот 2020-2021 година, пренесуваат медиумите.