Украински обвинител: Русите убија 90 деца во напади, а ранија над 100

Сподели со своите пријатели

Деведесет деца се убиени, а повеќе од стотина се ранети во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, соопштија од канцеларијата на главниот украински обвинител, според Скај њуз и Би-би-си.

И Ројтерс ја пренесува информацијата и предупредува дека не е потврдена од независен извор.

 

Украинците го гаѓаа центарот на Доњецк, најмалку 20 загинати (ФОТО+ВИДЕО)

 

ОН потврдија дека се убиени најмалку 1.663 цивили, но додадоа дека бројот веројатно е многу поголем.

Властите во Мариупол претходно објавија дека има околу 2.500 мртви.

Најголем број жртви има во Киев, Харков, Доњецк, Чернихив, Сума, Херсон, Миколаев и регионот Житомир.