Украински министер: Плаќањето нафта во рубљи ќе им помогне на Русите да убиваат Украинци

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба утринава ги повика земјите од Европската унија да го отфрлат барањето на Владимир Путин руската нафта и гас да се плаќаат во рубљи.

 

Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

 

„Ако која било земја од ЕУ се согласи со понижувачките барања на Путин да ги плати нафтата и гасот во рубљи, тоа ќе биде како да и помага на Украина со едната рака, а на Русите да убиваат Украинци со другата. Ги повикувам релевантните земји да направат мудри и одговорни избори“, напиша тој на Твитер.

 

Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

 

„Она што го видовме на почетокот на војната беше подемот на Европската унија како моќен играч кој може да донесе промени. Она што го гледам во последните десет дена е дека Европската унија се враќа во својата нормална состојба во која не може да се одлучи за силна и брза акција“, рече тој во вчерашното интервју за „Економист“.