Беспилотни летала нападнаа фабрика за дронови во градот Дубна, Московска област, објавија руските канали на Телеграм „Астра“ и „База“, повикувајќи се на локалните жители.
Нападот го потврдија градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, и руското Министерство за одбрана.
На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледаат беспилотни летала над Дубна, како и експлозија и пожар по ударот.
На снимките може да се чуе и како жителите коментираат: „Повторно е погоден Кронштат“.
Според информациите на официјалната веб-страница на компанијата од Кронштат, таа се занимава со развој на „беспилотни летала и опрема за воздухопловство“.
Дрон над Москвою. Відео з Telegram-каналу Baza pic.twitter.com/RRy0EP8hlK
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) May 28, 2025
Од утрото, градоначалникот Собјанин објави дури 17 пораки за нападот со беспилотни летала. Според него, руската воздушна одбрана соборила најмалку 31 беспилотно летало што летало кон Москва.
Тој, исто така, објави дека нападот со беспилотни летала над Зеленоград бил одбиен. Според неговите изјави, немало „сериозни штети или жртви“ во Москва и Зеленоград, а службите за итни случаи работат на терен за да го санираат местото каде што паднале остатоците.
По нападот, во Зеленоград избувна пожар, објави Телеграм каналот База.
Дубна, позната како „град на науката“, се наоѓа 121 километар северно од Москва.
Атака на завод “Кронштадт” у Московській області. Цей завод створює дрони та авіатехніку. Відео з Telegram-каналу Astra pic.twitter.com/i6jNPwbv5B
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) May 28, 2025