Украинската војска тврди дека ја враќа контролата врз Макарив

Сподели со своите пријатели

Украинската армија тврди дека го ослободила Макарив, град кој се наоѓа на педесетина километри од Киев и дека руските сили се повлекле од него, јавува Си-Ен-Ен, кој не може самостојно да ги потврди овие наводи.

Loading...

„По неколкудневни борби, украинските сили ја вратија контролата во Макарив, град на 50 километри западно од Киев“, соопштија вооружените сили на Украина на денешната објава на Фејсбук.

 

Руската фабрика за тенкови престанала со работа, тврдат украинските разузнавачи

 

Во соопштението се наведува дека над градот Макарив било подигнато државното знаме на Украина, додека Русите се повлекувале од него.

Макарив претрпе значителна штета во руските воздушни напади, а американската телевизија наведува дека се автентични фотографиите објавени на социјалните мрежи на 12 март на кои се гледаат големи штети на станбените комплекси, училиштата и здравствената установа во овој град.