Украинската пиварница наместо пиво произведува молотови коктели

Сподели со своите пријатели

Во индустрискиот дел на главниот град Лавов во западна Украина, вработените во пиварницата Правда наместо пиво почнаа да произведуваат молотови коктели како одговор на руската инвазија.

Loading...

„Треба да почекате крпата добро да se натопи и тогаш молотовиот коктел е готов“, објаснил еден од вработените во пиварницата.

Пивското шише прво се полни со мешавина од масло и бензин, а потоа внатре се става парче ткаенина.

„Го направивме ова затоа што некој мораше да го направи тоа. Имаме вештини за тоа, ја поминавме уличната револуција во 2014 година“, објасни Јуриј Заставни, сопственик на пиварницата.

„И тогаш моравме да направиме и да користиме молотови коктели“, додаде тој.

Заставни рече дека „ќе направи се што може за да победи во оваа војна“, пренесува Франс 24.