Украинската делегација патува со хеликоптер до локацијата каде што ќе се одржи втората рунда преговори со Русија, пренесува Ројтерс советник на украинскиот претседател.
Loading...
– За неколку часа ќе започне нова рунда преговори, изјави Михаило Подољак.
Разговорите меѓу украинската и руската делегација ќе започнат во Белорусија околу 14:00 часот по Гринич (15:00 часот по средноевропско време), а Киев планира да разговара за воспоставување хуманитарни коридори пред да премине на други прашања, објави украинскиот преговарач Дејвид Араками на Фејсбук.