Украинската армија воведе полициски час во Запорожје: „Не излегувајте во овој период“

Сподели со своите пријатели

Украинската армија воведе 38-часовен полициски час во Запорожје, кој почнува денеска попладне и ќе заврши рано наутро во понеделник, изјави денеска заменик-градоначалникот Анатолиј Куртиев.

 

Како напредуваат мировните преговори меѓу Украина и Русија

 

– Не излегувате во тој период – изјави Куртијев на Интернет, пренесе Ројтерс.

Запорожје е важна транзитна точка за некои од 35.000 луѓе кои побегнаа од опколениот Мариупол на југоисток, пренесува Танјуг.