Украинската армија недалеку од Киев продолжува да дава отпор на руските војници (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украинската армија спречи обид на руски воени единици да окупираат град недалеку од Киев, главниот град на Украина, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Генералштабот на украинската армија се наведува дека руските воени единици продолжиле со воздушни и копнени напади.

 

Русија има превласт врз воздушниот простор на Украина

 

Се наведува дека нападот на руските единици предизвикал штета на воените и цивилните аеродроми, командниот штаб, системите за противвоздушна одбрана, клучните инфраструктурни објекти и населени места, а руски војници се обиделе и преку понтонски премин да ја преминат реката Ирпин.

Беше истакнато дека Русите не успеале да го заземат градот Ирпин.

– Украинските одбранбени сили уништија нова непријателска опрема. Во сите правци, тенковските и моторизираните единици на вооружените сили на Украина ја држат одбраната на контролните пунктови со артилериска поддршка. Воздухопловните сили на Украина ги одбиваат непријателските воздушни напади. Одбранбените единици формираа цврст и повеќеслоен одбранбен систем во Киев, се вели во соопштението.

 

Зеленски: Следните 24 часа ќе бидат клучни за борбата на Украина против Русија

 

Се додава дека борбата со руските групи облечени во украински униформи продолжила.

Градот Ирпин, недалеку од воената база Гостомел, е оддалечен околу 25 километри од центарот на Киев.