Украинската армија ја призна загубата на неколку градови на истокот

Сподели со своите пријатели

Украинската армија ја призна загубата на неколку градови и села во источните региони на земјата поради засилената руска офанзива, јавува Си-Ен-Ен.

Тешки борби се во тек на три фронта, а руските сили добија засилување и се снабдени од базите внатре во Русија, изјави во средата портпаролот на украинската армија.

 

Лондон: Украина има контрола над поголемиот дел од нејзиниот воздушен простор

 

И покрај загубата на територија, украинските власти објавија дека само во регионите Доњецк и Луганск биле одбиени девет непријателски напади и дека е уништена многу руска воена опрема, вклучително и девет тенкови и 11 артилериски системи.

Украинските војници претежно се борат во три правци за да ги спречат руските сили да ги заземат сите области на Доњецк и Луганск, што Кремљ го прогласи за цел.

Од север руските единици напаѓаат во правец на Баркиново, град јужно од Изиум и го зазеле селото Заводи, околу кое битката трае веќе неколку дена, соопшти украинската армија. Украинската армија исто така призна дека Русите го окупирале периферијата на населбата Велика Комишваха во истата област.

 

Во Киев урнат споменикот на руско-украинското пријателство (ВИДЕО)

 

Од исток, руските сили ја презеле контролата врз градот Заричне и почнале да го напаѓаат блискиот Јампил.

Портпаролот на украинската армија изјави дека руските офанзивни операции се фокусирани и на областите Северодонецк, Попасна и Курахив. Руските трупи ја презедоа контролата и врз населбата Новотошкивска и се обидуваат да напредуваат понатаму на запад.

На југ, руските сили се обидуваат да воспостават копнен мост кон Крим и да ги окупираат украинските региони долж брегот.

 

Во Киев урнат споменикот на руско-украинското пријателство (ВИДЕО)

 

Јужната команда на украинските вооружени сили соопшти дека руските единици се прегрупираат и вршат воздушно извидување и дека се обидуваат да се пробијат на север кон градот Кривој Рог и областа Запорожје.

Пријавени се оштетувања на енергетската инфраструктура во градот Зеленодолск и силен пожар во Дњепропетровск.

„Вооружените сили на Украина покажуваат храброст и спроведуваат успешни операции“, изјави шефот на градската воена управа Криви Рих, додавајќи дека голем број руски војници се заробени.