Во соопштението објавено на Фејсбук, вооружените сили на Украина објавија дека го ослободиле окупираниот град Чухуив во областа Харков и дека убиле двајца руски команданти.
„Во текот на ноќта го ослободивме градот Чухуив од непријателот, руските окупатори претрпеа големи загуби и во жива сила и во опрема.
„Загинаа потполковникот Дмитриј Сафронов, командант на 61-та поморска бригада на руските вооружени сили и потполковник Денис Глебов, заменик-командант на 11-та одделна воздушно-десантна бригада на руските вооружени сили“, соопшти украинската армија.
„Непријателот ја продолжува офанзивата против Украина, фокусирајќи се на Киев, Харков, Чернихив, Суми и Миколаев. Иако успеаја да создадат свој коридор, не ја постигнаа целта – да нѐ окупираат во рок од 11 дена.
„Според информациите со кои располагаме, тие одлучиле да ги насочат сите расположливи сили во Киев“, пишуваат Украинците.