Претставништвото на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) денеска во Заедничкиот центар за координација на примирјето соопшти дека украинската армија истрелала 35 гранати од 152 милиметри.
Како што се наведува, цел на украинската армија била и населбата Докучаевск, пренесува Спутник.
Испукани се четири мина од 120 милиметри и една мина од 82 милиметри, јавува Танјуг.
Се наведува дека украинската армија насочува артилериски оган кон северниот дел на Доњецк со помош на беспилотни летала.
Според шефот на управата на Горловка, Иван Приходко, група работници од компанијата „Донбасгаз“ биле нападнати во Доњецк, еден бравар загинал, а двајца се тешко повредени.