Украинска морнарица: Го уништивме рускиот носач Орск

Сподели со своите пријатели

Украинската морнарица денеска соопшти дека го уништила големиот руски воен носач Орск, во близина на пристаништето Бердјанск, пренесе Ројтерс.

Кратката објава на Фејсбук за бродот беше придружена со фотографии и видеа од пламен и густ чад во пристаништето, објави АП.

Руската армија не коментираше што се случило со бродот.

 

Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

 

Бердјанск е под руска контрола од 27 февруари.

Претходно, Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, објави фотографија на Телеграм на која се гледа густ облак чад кој се издига над лакот и напиша:

„Магацин за ракетно и артилериско оружје во Берџанск, кој беше окупиран од Русите.

Берџанск се наоѓа на околу 75 километри северозападно од Мариупол.