Украинската армија соопшти дека во досегашните борби им нанела сериозни загуби на руските сили.
Во соопштението објавено во саботата наутро се вели дека повеќе од 3.500 руски војници биле убиени, а речиси 200 заробени.
Тврдат и дека собориле 14 руски авиони и 8 хеликоптери и уништиле 102 тенкови.
Овие бројки не можеа да бидат независно потврдени, а руската страна досега не пријавила ниту една своја загуба.
Експлозиите и борбите ги потресоа источниот, западниот и јужниот дел на Киев, каде што рускиот напад продолжи во текот на ноќта во опсада, која очигледно имала за цел да го заземе градот.

