Украинска армија: Русите се деморализирани, тешко напредуваат и ја менуваат тактиката

Сподели со своите пријатели

Украинската армија ги објави најновите проценки за руската инвазија, велејќи дека „непријателот ја продолжува офанзивната операција, но темпото на напредување на неговите трупи значително се намалило“.

Loading...

На тринаесеттиот ден од рускиот напад, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека од 6 часот по локално време, украинските војници ќе продолжат да се бранат во јужниот, источниот и северниот сектор.

Главниот град Киев и северниот град Чернихив сѐ уште се во рацете на Украина.

Во него се додава дека противвоздушната одбрана на земјата успешно ги одбила ракетните и воздушните напади.

„Окупаторите се деморализирани и се повеќе прибегнуваат кон грабежи и ги кршат правилата на меѓународното хуманитарно право за воени конфликти“, соопшти украинската војска.

Тие тврдат дека Русија сега прибегнува кон психолошка војна и дека се создадени групи руски сили за извршување на задачи поврзани со „водење пропагандна војна“ на окупираните територии со цел да се влијае врз локалното население.