Украинска армија: Русите го нападнаа Херсон

Сподели со своите пријатели

Во рускиот напад врз станбени области на градот Херсон на југот на Украина во текот на изминатата ноќ, едно лице е убиено, а тројца се повредени, соопшти воената администрација на градот Херсон.

Loading...

Во соопштението објавено на Телеграм, се наведува дека нападот се случил во 22:30 часот, објави Укринформ.

Маж и две жени се повредени и се префрлени во болница.

Во руското артилериско гранатирање на железничката станица во Херсон, локомотивата е оштетена, а патниците од возот се евакуирани во Николаев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ објави кога ќе се случи телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп