Денес е 21-виот ден од руската инвазија на Украина. Во Киев беше погоден станбен облакодер, а експлозии се слушнаа во Одеса и Запорожје.
Украинскиот обвинител изјави дека од почетокот на војната биле убиени 103 деца.
Според ОН, Украина досега ја напуштиле околу 3 милиони луѓе. Многумина од нив бегаат бидејќи нивните домови биле уништени при гранатирањето.
83-годишната жена била разбудена во 5 часот наутро од силен татнеж, за набргу да сфати дека нејзиниот стан во Киев бил тешко оштетен за време на ракетниот истрел.
Зеленски потпиша нов закон: Се забранува негирање или оправдување на руската агресија врз Украина
Многу од нејзините соседи го загубиле единствениот дом за време на војната во Украина, наведува ДВ.
„Зошто морам да поминам низ сето ова?
„Се слушна силен татнеж, а потоа се појави бел чад кој ми ги изгоре очите и грлото. После тоа слушнав пожарникари во ходникот, рекоа дека не излегуваме, дека скалите се уништени. Поставија скала и така излегов од станот“, изјави Јарославна Филионенко.
Филионенко живеела во нејзиниот стан со децении. Ова е втора војна што ја доживува. Нејзините најрани спомени од детството се од Втората светска војна.
Украинската армија објави фотографии: „Вака изгледаат окупаторските хеликоптери“ (ФОТО)
Украинските власти соопштија дека за време на гранатирањето загинале две лица, а многумина изгубиле се што имале.
„Се чувствувам лошо. Уморна сум. Многу ме боли главата. Зошто морам да го поминам сето ова? Сакам само малку да се одморам”, рекла Филионенко.
“There was a loud bang. Then immediately some kind of white smoke that burnt the eyes and throat.”
This 83-year-old woman woke up to discover her Kyiv home was badly damaged by shelling. Many of her neighbors have also been made homeless by Russian bombardment. pic.twitter.com/Fs5T8GChTD
— DW News (@dwnews) March 16, 2022