Канцеларијата за странци во Варшава денеска соопшти дека писмата со покани за вработување што ги добиле одреден број украински граѓани во Полска се фалсификат.
Во лажното писмо, објавено од Канцеларијата, се вели дека во врска со украинското законодавство за воена служба и тековната мобилизација во Украина, примачот треба да очекува посета од претставник на одделот.
Како што се додава, потоа Украинците треба да очекуваат да бидат префрлени во мобилизациониот пункт на служба во Помиње, а доколку се обидат да избегнат мобилизација ќе одговараат со кривична пријава и ќе бидат екстрадирани во Украина.
Канцеларијата негирала вмешаност, објавувајќи дека некој неовластено го користел името на институцијата, а засега не се знае колку луѓе го добиле овој допис и која била неговата цел, пренесува Танјуг.