Украинците тврдат дека вратиле дел од загубената територија во Северодонецк

Сподели со своите пријатели

Украинците најавија дека повратиле дел од индустрискиот град Северодонецк во областа Луганск и дека можат да бранат делови од градот уште две недели.

Loading...

Северодонецк во моментов е главна цел на руската офанзива.

Гувернерот на провинцијата Луганск, Сергиј Гадаи, за државната телевизија изјавил дека украинската армија ја вратила контролата над 20 отсто од територијата што претходно ја изгубила во овој град, пренесе Радио Слободна Европа.

Покрај тоа, тој рече дека е нереално градот да падне во следните две недели, дури и ако се распоредат руски засилувања.

„Штом ќе имаме доволно западно оружје со долг дострел, ќе можеме да ја одбиеме нивната артилерија од нашите позиции. Тогаш, верувајте ми, нивната пешадија само ќе побегне“, рече Гадаи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане