Украинците тврдат дека уништиле уште еден мост во Курск

Сподели со своите пријатели

Украинските сили извршија напад на друг мост во руската област Курск, на границата со Украина, соопштија вчера украинските воздухопловни сили, пренесува АФП.

Loading...

„Уште еден мост помалку“, изјави командантот на воздухопловните сили Николај Олешчук на „Телеграм“.

Тој рече дека украинските воздухопловни сили со прецизни напади ги уништуваат логистичките објекти на непријателот, пренесува Бета.

Украинската армија со тоа, меѓу другите акции, ги продолжи операциите на територијата на Русија.

Доколку се потврди дека мостот е уништен, тоа ќе биде втор мост урнат од украинските сили во областа Курск од почетокот на руската офанзива врз регионот на 6 август.

Претходно, на 16 август беше погоден мост на реката Сејм, во населбата Глушковски.

Руските сили вчераутро извршија напад врз Киев со ракети произведени во Северна Кореја, изјави шефот на градската управа Серхи Попко. Во таа прилика немаше жртви.

„Ова е трет балистички напад врз главниот град на Украина во август, со интервали од шест дена помеѓу секој напад. Според првите информации, руската страна најверојатно користела севернокорејски балистички ракети КН-23“, изјави Попко на „Телеграм“.

Loading...

Северна Кореја остро го осуди упадот на Украина на територијата на регионот Курск во Русија, велејќи дека тоа е непростлив акт на терор поддржан од Вашингтон и Западот.

Пјонгјанг во соопштение рече дека секогаш ќе стои на страната на Русија додека се обидува да го заштити нејзиниот суверенитет, пренесува севернокорејската државна новинска агенција KCNA.

Северна Кореја оценува дека нападот на Украина врз Русија е производ на конфронтирачката политика на Соединетите Американски Држави кон Русија и дека оваа политика ја турка ситуацијата на работ на трета светска војна, пренесува Танјуг.

Руската армија вчера ја презеде контролата врз селото Свиридовка на територијата на Доњецката Народна Република, соопшти руското Министерство за одбрана.

Се наоѓа северозападно од Лисично, кое беше заземено од руските војници на 12 август.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко оцени дека Русија по секоја цена ќе ја ослободи областа Курск од украинската армија која ја нападна нејзината територија и предупреди дека ескалацијата на конфликтот може да доведе до уништување на Украина како држава.

Во интервју за ТВ Канал Русија, Лукашенко изјави дека нема аматери меѓу украинските борци кои го нападнаа регионот Курск, пренесува агенцијата Белта.

„Тоа се главно луѓе кои веќе ја поминале војната и се обучени платеници. Тие формираа силна вооружена формација и дојдоа на место каде што имаше малку руски сили кои не можеа да одбијат таков напад“, рече Лукашенко.

Loading...

Лукашенко нагласи дека ескалацијата на конфликтот може да заврши на најтажен начин за Украина.

„Ако продолжи како во Курск, тоа ќе биде ескалација која ќе заврши со уништување на Украина. Никој нема да победи империја како Русија“, заклучи Лукашенко.