Украинците тврдат дека убиле повеќе од 11.000 руски војници

Сподели со своите пријатели

Украинските власти објавија нови податоци за руските загуби.

Тие тврдат дека досега убиле повеќе од 11.000 руски војници. Освен тоа, велат тие, уништиле 46 авиони, 290 тенкови и над 1.500 разни други воени возила.

Руското Министерство за одбрана во средата, во својот прв извештај за жртви од почетокот на инвазијата на 24 февруари, соопшти дека 498 руски војници биле убиени, а 1597 повредени во Украина.

 

Русија ја прогласи Македонија за непријателска држава – на листата над 20 земји

 

Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков потоа ги отфрли извештаите за „огромни загуби“ меѓу руските сили и рече дека тоа е дезинформација.

Тој рече дека на семејствата на настраданите им била укажана сета потребна помош.

Уште тогаш Украина тврдеше дека бројот на убиени руски војници е далеку поголем.

Конашенков, исто така, во средата рече дека повеќе од 2.870 украински војници ги загубиле животите за време на операцијата, а 572 биле заробени.