Руските војници ја гранатираа регионалната онколошка болница во градот Николајев на југот на Украина, тврди на Фејсбук шефот на градската регионална здравствена управа, Максим Безношенко, наведувајќи дека гранатирањето не предизвикало значителна штета.
Loading...
Тој рече дека болницата продолжува со работа.
„Само лудиот може да ги нападне слабите. Овие слаби се нашите пациенти. Токму овие чудовишта ја гранатираа онколошката болница. Болница која обезбедува грижа за пациенти со рак од целиот регион на Николајев“, изјави Безношенко во соопштението на 11 март, пренесува Ројтерс.