Украинците со тактики од Првата светска војна уништуваат руски дронови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украина очајно се обидува да ги собори руските извидувачки дронови, кои секојдневно неказнето летаат над нивните градови и бази.

Loading...

Сè повеќе украински војници сега полетуваат со бавни, лесни авиони за да ловат руски беспилотни летала над ранливи локации.

Викендов на социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледаат членови на Украинската управа за разузнавање во спортски авион Аеропракт А-22 од локално производство.

На левата страна на овој двосед седи војник кој насочува оружје кон дрон, пишува Форбс.

Овие тактики се многу слични на оние на екипажот на тренинг авионот Јаковлев Јак-52, наводно позајмен од украинскиот летечки клуб.

Тој екипаж од април соборува руски беспилотни летала над јужна Украина.

Евтини и ефективни методи

Овие методи се ефективни и, можеби најважно, ефтини. Украинските сили не можат да си дозволат да ги испукаат најголемите и најдобри противвоздушни ракети – кои можат да тежат стотици килограми и чинат милиони долари по парче – на беспилотните летала Орлан-10, кои чинат едвај 100.000 долари.

За управување со Јак-52 или А-22 чини само неколку стотици долари на час, а муницијата е занемарлива.

Loading...

Не треба да шокира што Украинската управа за разузнавање против дронови се сврте кон А-22.

Тоа е вид на авион што некој што сака да лета може да го купи за забава.

„Ако барате цврст авион што е лесен за летање, има одлични перформанси на кратки дестинации и може да лета со над 95 јазли додека носи цврст товар, дојдовте на вистинското место!“ – на својата веб-страница може да се пофали компанијата Leighnor Aircraft, која ги продава овие авиони во САД.

Овие авиони кои чинат 90 илјади долари, силите на Киев веќе ги користат во битки како нападни беспилотни летала.

Така тие, претворени во автономни авиони и натоварени со експлозиви, летаа стотици километри длабоко во Русија за да гаѓаат воени и индустриски цели.

Ако има некаква негативна страна на A-22 во споредба со Yak-52, тоа е малку анемичниот мотор од само 100 коњски сили (Yak-52 има 360 КС).

Бидејќи има подобар сооднос тежина-моќ, Yak-52 може да биде подобар избор за борба со беспилотни летала.

Очајна борба против извидувачките дронови

Сепак, секој авион што уништува беспилотни летала е подобар од ниеден.

Loading...

Украина очајно сака да ги собори руските извидувачки беспилотни летала кои летаат над украинските градови и бази.

Минатата недела, три дена по ред, руски беспилотни летала летаа над украинските воздушни бази и пронајдоа вредни цели за руските балистички ракети Искандер.

Во тие напади Украинците изгубија најмалку три многу важни борбени авиони, сето тоа затоа што не можеа навреме да ги соборат беспилотните летала.

Спортскиот авион, да бидеме искрени, можеби не е најдобрата опција за заштита на активен воздушен пист.

Тоа може да претставува опасност за воените авиони при слетување и полетување.

Но, ако А-22 и другите лесни авиони можат да ги заштитат украинските градови, тоа значи дека тие би можеле да овозможат преместување на посериозни системи за противвоздушна одбрана на воени локации.

 

Loading...