Украинците предизвикаа невидена штета на руските воздухопловни сили. Маск: Дроновите се иднината

Сподели со своите пријатели

Американскиот мултимилијардер Илон Маск се осврна на операцијата на Безбедносната служба на Украина (СБУ) во која наводно биле уништени повеќе од 40 руски воени авиони, вклучувајќи стратешки бомбардери.

Loading...

„Дроновите се иднината на војувањето. Авионите со пилоти не се“, напиша Маск на X, коментирајќи го објавеното видео од украинскиот напад.

Русија го обвини режимот во Киев за нападите

Да ве потсетиме дека вчера имаше напади врз најмалку четири руски воени аеродроми.

Според извори во редакцијата на весникот „Украинска правда“, во нападот биле погодени околу 40 авиони, вклучувајќи стратешки бомбардери.

Операцијата, со кодно име Пајажина, била планирана повеќе од 18 месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски до Европа: „Прашајте ги разузнавачките служби за руските планови во Белорусија ова лето“

Според информациите од СБУ, прво биле шверцувани дронови FPV во Русија, а потоа и мобилните дрвени кутии во кои биле скриени.

Руското Министерство за одбрана потврди дека воените аеродроми во пет региони биле цел на напади со беспилотни летала и го обвини „режимот во Киев“ за нападите.

Американскиот портал „Аксиос“ објави дека Украина претходно не ги информирала САД за планирањето и извршувањето на оваа операција.

Loading...

Според проценката на украинската безбедносна служба, вредноста на уништените руски стратешки авиони е околу седум милијарди долари.

СБУ тврди дека во нападот биле уништени 34 проценти од руските стратешки бомбардери на големите воени аеродроми.