Украинците повторно удрија во Белгород! Најмалку 3 лица загинаа!

Loading...
Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа, а 24 се ранети откако украински војници нападнаа станбени области во средата во руската погранична област Белгород, објави денеска регионалниот министер за здравство Андреј Икоников на својот канал Телеграм.

– Во гранатирањето загинаа три лица, а 24 се ранети со различна тежина, меѓу кои и две деца. Едното дете се лекува во Регионалната детска болница, другото е пуштено на амбулантно лекување – рече тој.

Како што наведе, седуммина повредени се во тешка состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Додека Европа гори, во Москва шок: Соборен температурен рекорд