Украинците објавија снимка: „Руски тенк прегази цивил во Белгород и побегна“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави видео на Х, порано Твитер, за кое тврди дека покажува инцидент што се случил на 1 јуни меѓу селата Красиво и Головчино.

Loading...

Тој тврди дека тенк прегазил цивил и ја објавил снимката која, како што тврди, ја објавиле очевидци од местото на инцидентот.

Според Герашченко, жителите на Белгород велат дека тенкот се качил на патот од полето, го прегазил автомобилот во кој се наоѓал човекот, а потоа се обидел да избега.