Украинците не можат да ја напуштат земјата, границите се затворени

Сподели со своите пријатели

Жителите на Украина се спречени да ја напуштат земјата.

Имено, границите се затворени, а во земјава е најавена и општа мобилизација.

Претседателот Володимир Зеленски објави дека ги прекинал дипломатските односи со Русија и ги повика Украинците да земат оружје и вети дека ќе ги амнестира сите кои се подготвени да ја бранат Украина.

Зеленски рече дека рускиот напад врз Украина е сличен на нацистичката инвазија и ги повика Русите да се спротивстават на властите што го иницирале.

Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович вели дека досега се убиени околу 40 Украинци.

Тој додаде дека неколку десетици се повредени.