Украинците гранатираа руски граничен премин

Сподели со своите пријатели

Граничниот премин Теткино на руско-украинската граница синоќа бил погоден од минофрлачки гранати, соопшти гувернерот на областа Курск, Роман Старојт, наведувајќи дека нема жртви.

Loading...

„Денеска околу 20 часот и 30 минути е гранатиран преминот Теткино во областа Глушково во областа Курск. Проектилите се испукани од украинска територија“, напиша на Телеграм гувернерот на Курската област, пренесува Танјуг.

 

Карл Нехамер: Австрија нема намера да влезе во НАТО

 

Како што се наведува, Украина го гранатираше граничниот пункт во населбата Теткино и претходно, на 24 февруари, 29 март и 23 април, но и тогаш немало човечки жртви.

Сепак, гранатирањето на 23 април доведе до пожар во локалната канцеларија на руското земјоделско надзорно тело, додава ТАС С.