Во близина на зградата на Владата во центарот на Доњецк е соборена украинска ракета Точка-У, а во нападот има и жртви, јавуваат локалните власти.
Социјалните мрежи се преплавени со шокантни снимки и фотографии од центарот на Доњецк.
Според прелиминарните податоци, поради украинското ракетирање, во центарот на Доњецк загинале 20 лица, а други девет се повредени. Ова го соопшти штабот за територијална одбрана на ДНР.
Новинарот Јуриј Ткачев објави видео од Доњецк каде е соборена украинска ракета во центарот на градот. Видеото покажа тела на луѓе.
Украинските сили го нападнале центарот на Доњецк, оштетени се административни згради, соопшти штабот за територијална одбрана на ДНР.
Пишут про 8 погибших https://t.co/nY1PYrLQFe https://t.co/7yd9WrIRox #Донецк pic.twitter.com/ESB9ZElGJR
— Necro Mancer (@666_mancer) March 14, 2022
Како што се додава, украинските војници истрелале пет гранати од 122 милиметри во областа Ворошилов во Доњецк.
Шефот на ДНР нареди да се прогласи жалост за жртвите од падот на фрагментите од ракетата Точка-У во Доњецк.