Украинци ноќе влегле на аеродром и уништиле 30 руски хеликоптери

Сподели со своите пријатели

Украинската армија на Фејсбук објави дека во текот на ноќта упаднале на аеродромот кај Керсон и дека уништиле околу 30 руски хеликоптери.

„Утрото во Украина за Русите дефинитивно не започнува со кафе“, пишуваат во соопштението.

 

Русија ја прогласи Македонија за непријателска држава – на листата над 20 земји

 

Во текот на ноќта, пишуваат украинските сили, нивните војници упаднале на аеродромот кај Херсон. Таму, додаваат, окупаторите стационирале дел од нивната воздушна флота.

„Уништени се 30 непријателски хеликоптери“, пишува украинската армија. Дополнително, додаваат, уништена е и бројна руска опрема.

 

Во последните 24 часа руски војници убиle најмалку осум лица во Харков

 

Понатаму велат дека во текот на ноќта на приодите кон Николае  биле уништени три руски конвои. Додаваат дека заплениле бројна руска воена опрема.

Украинските власти утринава објавија нови бројки за руските загуби.

Тие тврдат дека досега убиле повеќе од 11.000 руски војници. Освен тоа, велат тие, уништиле 46 авиони, 290 тенкови и над 1.500 разни други воени возила.