Русија ја засилува својата офанзива во источна Украина со цел да ја преземе контролата врз регионите Доњецк и Луганск и да обезбеди копнен коридор до Крим, соопшти денеска Генералштабот на украинската армија.
Украинските сили во изминатите 24 часа одбиле шест напади во областите на Доњецк и Луганск, соопшти украинскиот Генералштаб.
Зеленски: Русија ги користи енергентите за да ја уценува Европа
Руските сили интензивно напаѓаат речиси во сите правци, а најголеми активности се забележани во правец на Слободанска и Доњецк.
Нападите врз Харков, вториот по големина град во Украина, продолжуваат бидејќи повеќе сили се префрлени во градот Изум.
Во насока на Доњецк, руските трупи се фокусирани на опкружување на украинските воени сили.

