Украина загуби Ф-16, пилотот успешно се катапултираше

Сподели со своите пријатели

Украинските воздухопловни сили денес објавија дека изгубиле контакт со авион Ф-16 во текот на ноќта, но пилотот успеал да се катапултира и не е повреден.

Loading...

Според прелиминарните податоци, инцидентот се случил додека украинскиот ловец извршувал одбранбена мисија од руски воздушен напад, објави Укринформ.

Во соопштението на воздухопловните сили се наведува дека пилотот успешно уништил три воздушни цели, кога во авионот се случила вонредна ситуација.

Пилотот, за да избегне населени места, го маневрирал авионот, а потоа се катапултирал.

Кратко по катапултирањето, пилотот бил пронајден и евакуиран.

Според извештаите, пилотот е во стабилна состојба и неговиот живот не е во опасност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се очекува да започне средба меѓу Украинците и Русите со посредство на Турција

Инцидентот се случил неколку недели откако украинскиот ловец Су-27 беше изгубен за време на борбена мисија на 28 април, но дури и тогаш пилотот беше успешно катапултиран, јавува Танјуг.