Украина: Убивме повеќе од 14.000 руски војници!

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 14.000 руски војници биле убиени во првите три недели од руската инвазија на Украина, соопшти во саботата главниот штаб на Украина.

Украинските власти во објава на Фејсбук напишаа дека околу 14.400 руски војници биле убиени и дека Москва изгубила големо количество воена опрема, вклучувајќи 1.470 оклопни транспортери, 60 тенкови и над 100 борбени авиони и хеликоптери.

 

Како напредуваат мировните преговори меѓу Украина и Русија

 

Би-Би-Си не можеше независно да ги потврди тие бројки, но западните разузнавачки извори процениле дека околу 7.000 војници биле убиени, а меѓу 14.000 и 21.000 биле ранети.

Најавата за загубите на Русија беше напишана по тврдењето дека украинските сили го убиле петтиот руски генерал, полковник Андреј Мордвичев, кој би бил највисокиот руски командант убиен во конфликтот, но Би-Би-Си не може самостојно да го потврди ова тврдење.