Во Волчанск загина повеќекратниот шампион на Украина и Европа во велосипедизам Андреј Куценко.
Loading...
Андриј Куценко (35), родум од Лавов, се приклучил на украинската војска, а од пред неколку месеци бил во првите борбени линии на бојното поле во Харков, во близина на градот Волчанск.
Според украинските медиуми, Андриј Куценко волонтирал за украинската армија и во претходните две години бил на многу боишта.
Загинал како припадник на 47-та одвоена механизирана бригада „Магура“ на 3 јули.
За време на двегодишната војна меѓу Украина и Русија животот го загубија голем број спортисти од двете страни.