Украина, наводно, убила уште еден важен руски командант, објавија локалните медиуми, цитирајќи порака од Телеграм од портпаролот на армијата на Одеса, Сергеј Братчук, и британските таблоиди.
Станува збор за полковникот Алексеј Шаров, кој командувал со специјална бригада руски маринци. Тој наводно бил убиен во Мариупол.
„Командантот на руската поморска бригада беше ликвидиран од нашата армија. Така ќе биде и со секој што ќе се обиде да ги убие нашите деца. Нема да им простиме“, напиша Брачук.
За смртта на рускиот генерал твитна и офицер на украинската армија Анатолиј Стефан.
Colonel Alexei Sharov, commander of the 810th Marine Brigade of the #Russian Army, was killed near #Mariupol. pic.twitter.com/1btjX3vBzz
— NEXTA (@nexta_tv) March 23, 2022