Украинските воени власти соопштија дека 5.710 руски војници биле убиени во првите пет дена од интензивните борби во земјата.
Loading...
Во видео порака објавена на Фејсбук, портпаролот на Генералштабот на земјата додаде дека украинските сили заробиле повеќе од 200 руски војници.
Официјалниот претставник исто така тврди дека се уништени 198 руски тенкови, 29 авиони, 846 оклопни возила и 29 хеликоптери.
Би-Би-Си не може самостојно да ги потврди овие тврдења, но британското Министерство за одбрана смета дека руските сили претрпеле големи загуби за време на инвазијата на Украина.
Во неделата, руските власти признаа дека нивните сили претрпеле жртви откако со денови тврдеа дека ниту еден руски војник не бил убиен.