Украинските вооружени сили соопштија дека и нанеле големи загуби на Русија, а министерството тврди дека руските сили „изгубиле“ 2.800 војници.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русите „изгубиле“ 2.800 војници. Не е јасно дали војниците се убиени, ранети или заробени.
Министерството проценува дека се уништени до 80 тенкови, повеќе од 500 други воени возила, 10 авиони и 7 хеликоптери.
Вкупниот број на војници и цивили е невозможно да се потврди, а страните даваат спротивставени информации.
Русија тврди дека не претрпела значителни загуби.
Претходно Украина соопшти дека загинале повеќе од 1.000 руски војници.
Во последното соопштение, украинското Министерство за одбрана рече: „Ние сме силни! Победата ќе биде наша!“