Украинските сили тврдат дека во текот на ноќта го нападнале аеродромот Приморско-Ахтарски во Краснодарскиот крај, Русија, со беспилотни летала, кои според нив предизвикале експлозии и пожар.
Loading...
Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук објави дека целта е погодена и дека се проценува причинетата штета.
Аеродромот се користи за складирање и лансирање на беспилотни летала „Шахид“ кои Русија ги лансира низ територијата на Украина, како и за сервисирање на авиони кои ги напаѓаат украинските региони Запорожје и Херсон, пренесе Укринформ, пренесува Танјуг.