Украина тврди дека е убиен руски генерал-полковник

Сподели со своите пријатели

Припадник на руската армија е убиен во украинскиот град Чернобаевка по артилериски напад, тврди Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Loading...

Во објава на Фејсбук, Генералштабот прецизира дека е убиен командантот на 8-та комбинирана армија на јужниот воен округ на вооружените сили на Русија, генерал полковник Андреј Мордивцев.

 

Зеленски ја повика Москва на безбедносни преговори без одлагање

 

Во дневниот извештај, Генералштабот наведува дека линијата на фронтот не е значително променета во последните 24 часа, но дека украинските сили успеале да уништат неколку колони со руски воен персонал во регионите Николаев и Суми.

Би-Би-Си забележува дека тој не можел самостојно да ги потврди овие наводи.