Украинското Министерство за инфраструктура денеска соопшти дека цел на воениот напад бил дел од црноморското пристаниште Олвија, кое е дадено под концесија на катарскиот пристанишен оператор KTerminals.
Русија ја прогласи Македонија за непријателска држава – на листата над 20 земји
Во соопштението на министерството се потврди дека во нападот нема повредени, но не се дадени други информации, пренесува Ројтерс.
KTerminals со седиште во Катар, катарската државна управа за управување со пристаништа и Qatar Navigation заеднички инвестираа во 35-годишна концесија за пристаништето Олвија.