Украина: Соборен 21 руски дрон, руските сили тврдат дека контролираат дел од Часив Јар

Сподели со своите пријатели

Украина собори 21 руски дрон Шахед во текот на ноќта, додека руските сили тврдат дека контролираат дел од градот Часив Јар.

Loading...

Украинската воздушна одбрана собори беспилотни летала во шест региони во северна и централна Украина, соопшти денеска Военото воздухопловство, пренесува Ројтерс.

Гувернерот на северниот регион Чернихив изјави дека повеќе од 5.000 домаќинства во регионот се без струја.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека нивните сили ја презеле контролата врз украинскиот град Часив Јар, додека Украина тврди дека борбите се уште траат.

Часив Јар се наоѓа на 20 километри западно од Бахмут, град кој руските сили го освоија пред една година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарија сака да посредува меѓу Русија и Украина

И руската и украинската страна тврдат дека Часив Јар би бил стратешко место што Русија би можела да го искористи како потенцијална почетна точка за движење на запад низ регионот Доњецк кон градовите Краматорск и Славјанск.

Прес-службеникот на украинската 24-та бригада, која го брани градот, Иван Петречак, рече дека ситуацијата е „критична“.

„Ситуацијата е сè уште напната. Но, ние ја задржуваме нашата позиција“, рече тој, додавајќи дека руската армија следи „позната тактика“ – ја преместуваат пешадијата во шумските области, а потоа ги растераат и во мали групи ги напаѓаат украинските позиции.

Loading...

САД оваа недела го објавија својот најнов пакет воена помош за Украина од 2,3 милијарди долари, вклучувајќи артилериска муниција, ракети пресретнувачи и противтенковско оружје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарија сака да посредува меѓу Русија и Украина