Украина со дрон запали руски магацин за нафта

Сподели со своите пријатели

Украина употреби дрон за да предизвика пожар во магацин за нафта во округот Октјабр, во јужниот дел од рускиот Волгоградски регион, објавија регионалните власти.

Гувернерот Андреј Бочаров во објава на Телеграм изјави дека засега нема извештаи за жртви, но дека блиските населби би можеле да бидат евакуирани.

Украина интензивно ја таргетира руската енергетска инфраструктура во последните месеци, со цел да се ослабне способноста на Москва да финансира воена операција против Киев.

Руското Министерство за одбрана утрово објави дека воздушната одбрана соборила 67 украински дронови, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ: Ограничувањата за интернет во Русија остануваат на сила сè додека е потребно