Украина сака да воспостави десет хуманитарни коридори за евакуација на цивили

Сподели со своите пријатели

Украинските власти во петокот најавија дека сакаат да воспостават десет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, но цивилите од Мариупол ќе мора да користат приватни возила.

Loading...

Според вицепремиерот на Украина Ирина Верешчук, треба да се воспостават коридори на југот и на истокот на земјата, пренесува Ројтерс.

 

Украина: Имаме 7.000 загинати руски војници во фрижидерите, Русија не сака да ги земе

 

Украинските власти тврдат дека руските војници се прегрупираат за нова офанзива во која планираат да окупираат што е можно поголем дел од територијата во источна Украина.

Верешчук рече дека во четвртокот од украинските градови биле евакуирани 4.676 цивили.

 

Loading...

Русија призна „значителни загуби на војници“, Песков: Огромна трагедија за нас

 

Обидите да се достави помош и да се евакуираат цивили од Мариупол со автобуси во неколку случаи не успеале поради пукање во возила.

Двете страни се обвинуваат меѓусебно за нападите.