Украина: Руската војска не дозволи децата, жените и постарите лица да го напуштат Мариупол

Сподели со своите пријатели

Украинското Министерство за одбрана ги обвини Русите дека не ја почитуваат одлуката за хуманитарниот коридор во Мариупол, пристанишен град во југоисточна Украина, кој се наоѓа во близина.

– Непријателот изврши напад токму во правец на хуманитарниот коридор – соопшти министерството, додавајќи дека руската армија „не дозволила децата, жените и постарите лица да го напуштат градот“.

 

Крадци пустошат низ Украина, но ако ги фатат ги лепат за столбови (ВИДЕО)

 

„Тоа не е ништо друго освен геноцид“, се вели во соопштението на Министерството. Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер накратко напиша: „Повреда на прекинот на огнот“.

Киев предупредува дека луѓето имаат пристап до минирани рути до Запорожје, 250 километри северозападно од Мариупол.

 

Крадци пустошат низ Украина, но ако ги фатат ги лепат за столбови (ВИДЕО)

 

Овој град има околу 450.000 жители. Обидот за евакуација на околу 300.000 луѓе пропадна во неколку наврати во последните денови. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат дека не успеале да се евакуираат.