Украина: Русија синоќа лансираше 458 дронови и ракети кон Украина

Сподели со своите пријатели

Русија синоќа лансираше 458 дронови и ракети кон Украина, објавија денес украинските воздухопловни сили, додека соседна Полска објави дека соборила „непријателски објекти“ во нејзиниот воздушен простор.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија користела 415 дронови и 43 ракети во напади во кои загинало најмалку едно лице, според цивилните власти.

Најмалку осум руски дронови „ја преминале украинската граница и влегле во Полска“, додаде украинската војска.

Полската војска одговори на упадот на руски дронови за време на големиот ноќен напад врз Украина и собори неколку дронови што го нарушиле нејзиниот воздушен простор, а полицијата соопшти дека се пронајдени остатоци од еден дрон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полска подготвува мински полиња на границата со Русија и Белорусија

Оперативната команда на полската армија ги повика граѓаните на загрозените источни војводства да останат во затворен простор, ги затвори аеродромите во Варшава, крена борбени авиони и лансираше воздушна одбрана за соборување на руски дронови.

„За време на ноќниот невиден напад врз Украина, беше нарушен воздушниот простор на Полска. Тоа е чин на агресија што предизвика реална опасност за нашите граѓани“, соопшти Оперативната команда на Армијата.

Полскиот премиер Доналд Туск свика вонредна седница на кабинетот и е во контакт со претседателот на земјата, Карол Навроцки.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека инвазијата на руски беспилотни летала во Полска е „исклучително опасен преседан за Европа“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јулија Тимошенко: Блокирани ми се банкарските сметки