Украина: Русија почна интензивно гранатирање на нашите единици на истокот

Сподели со своите пријатели

Вооружените сили на Украина соопштија дека руската армија започнала „интензивно гранатирање“ на украинските единици на истокот на земјата и дека тие одговориле на нападите.

Loading...

Во соопштението на Армијата на Украина се наведува дека Русија извршила ракетни напади врз аеродромот Бориспил недалеку од Киев и неколку други аеродроми.

Се наведува дека украинските воздухопловни сили одговориле на руските напади.

Украинската армија ги демантираше информациите за акција на руските паравоени сили во јужниот пристанишен град Одеса.

 

Сирените одекнуваат во Киев: Глетката како од апокалипса (ВИДЕО)