Украина: Русија ги интензивира воздушните напади

Сподели со своите пријатели

Русија ги засилува воздушните напади, со повеќе од 250 летови регистрирани во последните 24 часа, соопшти утрово украинската армија.

Loading...

Тоа е за 60 летови повеќе од претходниот ден, објави Украина. Главни цели се областите во и околу Киев, Чернихив и Харков.

 

Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

 

Откако Русија ја нападна Украина пред еден месец, во Харков се убиени 294 цивили, меѓу кои 15 деца, соопшти денеска полицијата преку Телеграм.

Вчера беа погодени 11 непријателски воздушни цели, соопшти Украина.

Луѓето речиси никогаш не ги напуштаат засолништата, а станбените области, училиштата, болниците и деловните простории се во пламен, велат тие.

Loading...

 

Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

 

Пред војната, во Харков живееле 1,5 милиони луѓе. Градот е под постојани воздушни напади, нагласи украинската армија.

Војската, исто така, соопшти дека вчера биле погодени 11 „непријателски воздушни цели“, вклучувајќи седум авиони, хеликоптер, беспилотно летало и две крстаречки ракети.