Украина размислува за прекин на дипломатските односи со Русија, Москва е против

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека размислува за прекин на дипломатските односи со Русија, обвинувајќи ја за продолжување на „воената агресија против Украина“.

Loading...

„Добив барање од Министерството за надворешни работи да го разгледаме прашањето за прекин на дипломатските односи меѓу Украина и Русија. Ќе го разгледам ова прашање веднаш, по нашата прес-конференција“, изјави Зеленски за новинарите по средбата со неговиот естонски колега.

Русија е против

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека не сака да ги прекине врските со Украина.

Кремљ во вторникот соопшти дека е „отворен“ за дипломатија, еден ден откако Москва ги призна проруските сепаратистички региони на Украина, што Киев и неговите американски и европски сојузници остро го осудија.

„Русија останува отворена за дипломатски контакти на сите нивоа, руската страна има интерес за тоа“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакнувајќи дека „контактите на највисоко ниво, дури и нередовните, мора да бидат добро подготвени“.

Кремљ: Се надеваме дека признавањето на отцепените региони ќе доведе до мир

Кремљ во вторникот рече дека се надева оти руското признавање на двата отцепени украински региони како независни ќе помогне да се врати мирот.

Loading...

Зеленски исто така побара итно да се прекинат сите операции поврзани со гасоводот Северен тек 2.

„Се договоривме дека поради последната агресија врз Украина, веднаш да се воведат санкции, кои мора да вклучуваат целосно прекинување на „Северен тек 2““, рече Зеленски.